Home INFO Марија Шерифовиќ злоупотребена од измамник и алкохоличар (видео)

Марија Шерифовиќ злоупотребена од измамник и алкохоличар (видео)

реклама:G Natural

Познатата српска пејачка Марија Шерифовиќ му помогна на Мустафа Хрустиќ од Зеница, кој, како што тврдеше, спиел во шатор под мост, во тешки услови.

Пејачката му обезбеди покрив над главата и работа.

Сепак, нови информации откриваат дека Мустафа ја измамил пејачката.

Марија му нашла работа, плаќала кирија за стан и три оброци дневно.

Но, сега се појавија тврдења дека Мустафа бил исфрлен од станот бидејќи е алкохоличар и измамник.

Сопственикот на станот тврди дека Мустафа го излажал сите, претставувајќи се како некој што не е. Се откри дека снимањето под мостот било глума за да добие сожалување и донации.

Мустафа е наречен безделник, лажго, коцкар и алкохоличар.

Марија беше трогната од неговата ситуација и изрази желба да му помогне, но се чини дека нејзината доверба била злоупотребена.

Целото сведоштво погледнете го во видеото подолу:

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------