Home INFO Марија Ќурчиќ се убила поради љубовни проблеми!

Марија Ќурчиќ се убила поради љубовни проблеми!

реклама:Велигден со Стаф

Моделот Марија Ќурчиќ, ќерка на новинарката во “Ал Џазеира” Ан Мари Ќурчиќ и гитаристот Ѓорѓе Ќурчиќ, во неделата изврши самоубиство во стан во центарот на Белград.

Според пишувањето во медиумите, Марија наводно си го одзела животот поради љубовни проблеми.
Неодамна таа ја раскинала долгогодишната врска со своето момче и ова многу тешко го поднела.

Нејзините најблиски се во шок, бидејќи со ништо не најавувала дека има проблеми кои би можеле да ја наведат на самоубиство.

Безживотното тело на Марија го пронашле токму нејзините родители, заедно со полицијата кои сами ја повикале, откако два дена не одговарала на нивните телефонски повици.

Оваа девојка со егзотичен изглед била заштитен знак на ноќниот живот во Белград.
Студирала односи со јавност на приватен факултет а се занимавала со манекенство, новинарство, организација.

Таа била организатор и водител на многу градски случувања.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------