Home ШОУ БИЗз Extra Exclusive Маск го врати Трамп на Твитер, овој го „шиканираше“ и му порача…

Маск го врати Трамп на Твитер, овој го „шиканираше“ и му порача…

реклама:hotel PREMIER

По скандалите со отказите во компанијата Илон Маск, новиот шеф на Твитер, очигледно повторно прави негативна кампања кон себе и мрежата.
Тој објави дека ќе ја врати сметката на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, забранета од социјалната мрежа во јануари 2021 година.

„Народот го кажа своето. Трамп ќе биде вратен“, напиша Маск на својот профил на Твитер откако резултатите од анкетата објавена меѓу неговите претплатници, кои гласаа „за“ враќање на профилот на Трамп.

Околу 15 милиони корисници на Твитер гласаа во анкетата, од кои 51,8 отсто изгласаа за враќање.

По што тој повторно го врати профилот на оваа социјална мрежа.

Но претходно во текот на денот, Трамп не изгледаше премногу ентузијастички за неговото враќање на неговата некогаш омилена социјална мрежа.

„Не гледам причина за тоа“, рече поранешниот претседател преку видео на прашањето дали планира да се врати на Твитер.

РЕКЛАМИ: ----------------------------------------------------