Home INFO Мажот многу одел по кафеани, еве како жената го “решила” (видео)

Мажот многу одел по кафеани, еве како жената го “решила” (видео)

реклама:

Британецот Пол Тапер, инженер од Девон, отсекогаш сакал да оди во локалната кафеана, но неговата сопруга Џејн (48) мислела дека поминува премногу време таму.

Поради ова Џејн изградила паб во дворот на семејниот дом. Таа го нарекла „The Doghouse Inn“.

Оваа мајка на три деца и медицинска сестра по професијата, покрај тоа што сака да го види својот сопруг поблизу до дома, вели дека ќе организира и забави за пријателите и семејството во својот паб.

– Мојот сопруг Пол отсекогаш сакал да скокне во кафена и не можев да го задржам дома. И така, си помислив и дојдов до идеја да градам своја кафеана во дворот. Кога ме прашуваат каде е мојот сопруг, им велам „во куќата за кучиња“ (што е термин кој се користи за некој што не бил добар или е под казна) – рекла таа.

Таа исто така открила колку чини тоа. Најскапо било да се израмни дворот и и чинело 15.000 фунти, а почетната изградба на кабината чинела околу 2.700 фунти.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------