Home INFO “Медените” на оскаровскиот црвен килим (видео)

“Медените” на оскаровскиот црвен килим (видео)

реклама:

„Медена земја” е и првиот филм што оваа година беше номиниран во две категории за Оскар: за Најдобар документарен филм и Најдобар странски филм.

Сепак, Јужнокорејскиот филм „Паразит“ е добитник на Оскар за најдобар филм, но и најдобар странски филм кој беше во категоријата со „Медена земја“.

Во категоријата за најдобар документарец,победи „Американска фабрика“.

Тимот на Медена земја и се обрати на јавноста преку својот официјален Фејсбук профил:

„Пред сѐ, сакаме да се заблагодариме на сите што нѐ бодреа и веруваа во нас.
Сепак, и покрај тоа што „Медена земја“ не доби Оскар, сосема сме свесни за големината на овој филм, за значењето на пораката што ја пренесува, за силата на бескрајните приказни што се кријат во оваа земја и за многуте наши талентирани уметници кои знаат како тие приказни да ѝ ги покажат на публиката. Почестени сме што бевме номинирани покрај овие одлични филмаџии со смели приказни кои им се обраќаат на луѓето од целиот свет, на универзалниот јазик на кинематографијата. Не можеше да се предвиди дека нашиот филм ќе влезе во историјата на Македонија и во историјата на номинациите за „Оскар“. „Медена земја“ истовремено беше номиниран во две категории, за најдобар документарен и за најдобар интернационален филм, затоа што универзалноста на приказната и јазикот на филмот ја даваат неговата компетентност и сила да се натпреварува со останатите номинирани. Кога го промовиравме филмот на фестивалот „Санданс“, пред повеќе од една година, не се ни надевавме дека ќе стигнеме толку далеку. Им се заблагодаруваме на сите што веруваа во нашиот мал филм и нè поддржуваа, а особено му се заблагодаруваме на дистрибутерот „Неон“ за вербата во моќта на кинематографијата и во смелото раскажување приказни. На крај, би сакале да ѝ се заблагодариме на нашата водечка ѕвезда, Атиџе Муртова што ни дозволи да влеземе во нејзиниот прекрасен свет. Филозофијата на Атиџе ‒ земи половина, остави половина ‒ е едноставна, но длабока. Тоа е порака во којашто може да се пронајде секоја публика. Горди сме што сме гласниците на таа порака.“
И главната протагонистка на документарецот, Атиџе Мурaтова, од Лос Анџелес ја упатува својата порака:
‒ Мојот живот по снимањето на филмот драстично се промени. Сега имам нова куќа, и сѐ станува подобро и подобро. Сакам публиката да извлече само една порака од филмот: како што јас споделувам со своите пчели, така сакам и сите луѓе да споделуваат едни со други.

Во видеото подолу погледнете како изгледаше дефилето на црвениот килим на режисерите Тамара Котевска и Љубо Стефанов, продуцентот и монтажер Атанас Георгиев, снимателите Фејми Даут и Самир Љума како и главната протагонистка Атиџе.

Честитки на екипата за се досега постигнато, им посакуваме уште многу нови успеси!

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------