Home INFO Меган Маркл и принцот Хари со ултиматум до своите пријатели: Еве за...

Меган Маркл и принцот Хари со ултиматум до своите пријатели: Еве за што станува збор!

реклама:Велигден со Стаф

Иако навидум нејзиниот живот е вистинска бајка, не е лесно да се биде во кожата на Меган Маркл.

Секој чекор на новата кралска снаа внимателно се следи и таа е интересна како за новинарите така и за јавноста.

По скандалите поврзани со фамилијата на Меган, таа и принцот Хари се одлучиле на интересен потег, се со цел да се заштитат себе си од постојаниот удар од медиумите.

“Хари е загрижен што околу Меган се одвива вистинска хистерија и сака да ги доведе работите во ред! А на кој начин? Па најпрво ќе почне со условување на своите пријатели” – открива извор близок до кралското семејство.

Имено, принцот и неговата сопруга очекуваат од своите пријатели да не даваат никакви изјави во медиумите поврзани со нив. Доколку ова не го испочитуваат, пријателството веднаш престанува.

Неодамна и кралското семејтво почнало да превзема мерки со цел да си го заштити угледот.

Па така сите новинари кои го следат семејството се оддалечени од Меган. Не можат да ја слушнат што зборува па не им преостанува ништо друго освен да известуваат за нејзиниот изглед.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------