Home INFO Меган Маркл не ни сонувала дека ќе наиде на вакви проблеми!

Меган Маркл не ни сонувала дека ќе наиде на вакви проблеми!

реклама:Велигден со Стаф

Откако стана војвотка од Сусекс, бившата американска актерка Меган Маркл не ни сонувала дека ќе се нарушат односите со луѓето кои и биле блиски пријатели пред да го сретне принцот Хари.

37 годишната актерка не е во состојба да процени на кој пријател може во потполност да му верува.

“Меган изгуби контакт со неколку најблиски пријатели и поради ова и е многу тешко. Едноставно не знае на кого може да му верува” – изјавил извор за магазинот “Пипл”.

Со толку “блиски извори” кои споделуваат детали од нејзиниот приватен живот со медиумите, јасно е зошто Меган се труди точно да процени кој од нејзините пријатели никогаш нема да изнесе некој “сочен детал” во медиумите.

Кога станува збор за семејството, Маркл и верува единствено на својата мајка Дорија која неодамна се пресели во Лондон за да бидат поблиску.

<

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------