Home INFO Меган Маркл не сака да ги носи креациите на Викторија Бекам! Еве...

Меган Маркл не сака да ги носи креациите на Викторија Бекам! Еве зошто!

реклама:Велигден со Стаф

Одамна е познато дека кралскиот пар ужива во друштвото на Бекамови.

Викторија и Девјид биле драги гости на венчавката на Меган И Хари, а токму тие и помагале на војвотката од Сусекс додека го реновирала својот нов дом.

Поради блискоста на двете семејства никој не се сомневаше во гласините дека Меган на денот на својата венчавка ќе носи токму креација од модната линија на Викторија.

Но како што е познато, тоа не се случи, а лично Меган призна дека никогаш нема да ја видиме во фустан со потпис на Викторија Бекам.

Причината за ова не е дека на бившата актерка не и се допаѓаат креациите на Викторија.

Во времето кога Меган сеуште можела да дава интервјуа за модните магазини, таа за Гламур проговорила за својот личен стил, што може а што не смее да носи.

“Конечно почнав да учам и заклучив дека ако нешто одлично изгледа на моделот кој го носи, тоа не значи дека и на мене совршено ќе ми стои. На пример ги обожувам фустаните на Викторија Бекам, но едноставно немам доволно долго торзо за да можам да ги носам нејзините модели” – истакнала Меган.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------