Home INFO СКАНДАЛ ВО БОЛНИЦАТА: Дарко Лазиќ е во сериозна криза, докторите се шокирани...

СКАНДАЛ ВО БОЛНИЦАТА: Дарко Лазиќ е во сериозна криза, докторите се шокирани од настанот!

фото: Инстаграм
реклама:Велигден со Стаф

Изминативе години животот на познатиот фолк пејач Дарко Лазиќ е исполнет со многу скандали.

Развод, наводни долгови кон лихвари, јавна употреба на наркотици…

Последниве две недели регионот будно ја следи неговата здравствена состојба откако со голема брзина со својот автомобил излетал од патот и се здоби со страотни повреди кои го доведоа во прашање неговиот живот.

И откако јавноста помисли дека конечно пејачот почнува да се опоравува од повредите, се појавија информации дека западнал во тешка апстенцијална криза поради долгогодишното користење на наркотици и прекумерно конзумирање на алкохол.

Српски Курир ја пренесе веста за скандалот кој во понеделникот го потресол персоналот на болницата во Земун каде е сместен Дарко.

Една од сестрите во болницата забележала триесетгодишен маж како се обидувал да влезе на одделението за интензивна нега каде е сместен Лазиќ.

Таа веднаш дошла кај него и го прашала што бара овде и што му треба.

Човекот почнал сомнително да се однесува и да повторува дека е пријател на Дарко и само сака да го види.

Сестрата му објаснила дека тоа не е можно, а како што и бил сомнителен, таа повикала обезбедување да го испрати до влезот.

Еден од чуварите потврдил дека лицето е познат дилер кој повеќепати е апсен за продажба и поседување дрога и дека полицијата треба да биде известена за инцидентот.

“Се шокиравме кога слушнавме дека некој испратил дилер за на пациент во сериозна состојба да му донесе наркотици, таков случај не сме имале во пракса”, вели извор од болницата.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------