Home INFO Менса го доби најмладиот член, има само три години (видео)

Менса го доби најмладиот член, има само три години (видео)

реклама:Велигден со Стаф

Мухамед Хариз Наџим е тригодипно момче од Малезија кој има неверојатно висока интелегенција.

Мухамед беше поканет да и се приклучи на организацијата Менса откако освои 142 поени на тестот за интелигенција „Стенфорд-Бинет“, со просечен резултат од 99,7 од 100, објави Си-Ен-Ен.

За да стане член на британската Менса, мора „да покаже дека е во првите два проценти од светската популација во однос на коефициентите на интелигенција“, велат на нивната официјална веб-страница.

Тестот на Менса, е создаден за деца на возраст над десет и пол години. За деца под 10 години, потребна е посета на психолог, што го одредува нивниот коефициент на интелигенција.

Мајката наМухамед, која работи како инженер во Дурам, Англија, вели дека нејзиното семејство знаело дека тој е специјален уште пред да ја добие поканата од Менса. Тој е одличен во читање, математика, логика, но и покрај ова тој е типично тригодишно момче.

“Тој е помалку или повеќе типично тригодишно момче. Тој сака да црта и чита книги и се што е поврзано со уметноста. Тој особено ги сака Лего коцките и пластилин. Ние сме горди и среќни за него. Не само што е добар во академските вештини, туку и знаеме дека во иднина општеството ќе добие многу од него “

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------