Home INFO Пронашол богатство во користен тросед кој евтино го купил

Пронашол богатство во користен тросед кој евтино го купил

реклама:Велигден со Стаф

Хауард Кирби си купил половен тросед за околку 60 тина долари.

Кога стигнал дома, открил дека во перниците на троседот се кријат неверојатни 43 000 долари.

Но, наместо да ги зачува парите, Хауард се вратил во продавницата и побарал пронајдените пари да му се вратат на сопственикот.

Тие веднаш договориле средба со првичниот сопственик на каучот од продавницата и Кирби се сретнал со нив за да им ги врати парите.

– Се јавивме во семејството и им рековме дека човекот што го купил нивниот кауч пронашол нешто за што сигурно би сакал да се врати. Тие беа во шок – објаснил продавачот.

Троседот првично му припаѓал на дедо кој починал минатата година. Но никој не знаел дека дедото криел пари внатре.

Семејството прво помислило дека Кирби пронашол неколку фотографии, па се согласиле да го запознаат, немале идеја дека се работи за пари.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------