Home INFO Место Божиќ со својата мајка, синот на Северина престојувал во манастир во...

Место Божиќ со својата мајка, синот на Северина престојувал во манастир во Света Гора

реклама:DIGITVMK

Според српски Курир, синот на хрватската пејачка Северина, Божиќ го прошол со својот очув Игор Којиќ во манастир во Света Гора, Грција.

Северина останала во хотел во Солун, бидејки влезот во Света Гора за жени не е дозволен.

Света Гора е место каде не се наплаќа оброк и ноќевање. Монасите секого ќе нахранат и ќе му обезбедат место за спиење, но најчесто во една просторија спијат многу луѓе.

Нема асфалтирани улици, мобилните телефони немаат мрежа, а многу често посетителите спијат на даски и камења. Поради овие околности,местото не е препорачливо за деца во текот на зимскиот период.

За наводното патување не бил известен таткото на малиот Александар, па доколку ова се потврди, Северина повторно ќе има проблеми, со оглед на фактот дека старателството над детето со одлука на судот му припадна на Милан Поповиќ.

Божиќните и новогодишните празници, Александар требало да ги пројде со својата мајка, а Милан за патувањето дознал од медиумите.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------