Вкусна салата која брзо се подготвува …
Потребно е:
1 4 парчиња пилешки гради
3 големи компири, сварени и исечкани на мали коцки
3 големи моркови, сварени и исечкани на мали коцки
6 големи кисели краставички, исечкани на коцки
2 сварени јајца, исечкани на коцки
250 мл кисела павлака
1 тегла мајонез
1 лажица сенф
сол, бибер
Подготовка:
– Пилешкото месо откако ќе се свари и олади, раздвојувајте го на поситни парчиња со раце.
– Во длабок сад ставете го месото и останатите состојки. Ставете мајонез и сенф, зачинете и измешајте.
– Оваа салата се јаде ладна и најубаво е отстои во фрижидер неколку часа пред да ја послужите.