Home INFO „Minecraft“ руши рекорди, се продаде во повеќе од 300 милиони примероци

„Minecraft“ руши рекорди, се продаде во повеќе од 300 милиони примероци

реклама:G Natural

Мегапопуларната игрица „Minecraft“ веќе е позната како најпродаваната на сите времиња, а сега ја мина границата од 300 милиони продадени примероци.

„Како што се приближуваме до нашата 15-годишнина, ‘Minecraft’ останува една од најпродаваните игрици на сите времиња со повеќе од 300 милиони продадени копии. Тоа е резултат за кој никој не можеше да сонува кога ги поставивме првите блокови“, рече Хелен Чиан, извршен директор на компанијата Mojang Studios.

Оваа информација беше објавена за време на настанот во живо „Minecraft Live 2023“, на кој се објавуваат информации за новости и новитети, а исто така имаше и гласање наменето за играчите, кои можат да изберат нови суштества за игрицата. Годинава имаше избор помеѓу рак, армадило и пингвин.

Бројките што ги постигна „Minecraft“ се неверојатни. Да речеме дека најпродаваниот музички албум „Thriller“ на легендарниот Мајкл Џексон продаде 70 милиони примероци, а најпродаваната конзола за игрици PlayStation 2 достигна 155 милиони продадени единици. Втората најпродавана игрица на сите времиња, „Grand Theft Auto V“, е продадена во 185 милиони примероци.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------