Home INFO Мистериозно почина поранешната принцеза на Катар

Мистериозно почина поранешната принцеза на Катар

реклама:Велигден со Стаф

Касија Галанио (45), поранешната сопруга на катарскиот принц Абделазиз бин Калифа ел Тани, во неделата е пронајдена мртва во нејзиниот дом во Марбела, Шпанија.

Според франсцуските медиуми, телото го пронашла полицијата, а првичните информации се дека причина за смртта веројатно е предозирање со наркотици.

Касија беше трета сопруга на Абделазиз бин Калифа ал Тани (73), вујко на емирот на Катар.

Тие се венчаа во 2004 година и имаат три ќерки.

Десет години се бореле за старателство, по обвинувањата дека тој сексуално го вознемирувал најстарото дете. Принцот секогаш ги негирал обвинувањата.

На телото не се најдени траги од насилство, а Касија по разводот живеела во една од нивните куќи во Марбела додека се борела со депресијата и со проблемите со алкохолот.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------