Home INFO Многу промени во новата сезона од “Ѕвездите на Гранд”! Еве ги деталите...

Многу промени во новата сезона од “Ѕвездите на Гранд”! Еве ги деталите (видео)

реклама:Велигден со Стаф

Во понеделник стартува снимањето на новата, 12 по ред сезона од познатото балканско шоу “Ѕвездите на Гранд”.

Непосредно пред снимањето, на работен состанок се собраа дел од членовите на стручното жири, водителите и одговорните продуценти со цел да ги финишираат деталите за новата сезона.

Жестоки кавги и навреди помеѓу членовите на жирито беа одлика на предходните две сезони на најгледаното балканско шоу, но се лини дека во новата сезона ќе има промени.

На состанокот со Саша Поповиќ присуствувала и омилената Марија Шерифовиќ, која откри дека конечно оваа година Ѕвездите на Гранд ќе се фокусираат на кандидатите отколку на членовите на жири комисијата.

– Поставив одредени услови пред почетокот на оваа сезона и драго ми е што Саша имаше слух за нив. Доколку не ги разгледаше и прифатеше моите услови, сериозно ќе размислев дали повторно да седнам на столот за жири. Ми здосади да слушам кавги, на сите веќе им е преку глава од кавгите на Вики и Јелена. Сите сакаме да ги вратиме “Ѕвездите на Гранд” на оној стар пат и да бидат оној прав музички натпревар како порано. Оваа година слоганот на ова шоу би требало да биде “А сега малку тие”! Секако ние како жири сме овде за да ги насочиме и да им дадеме квалитетни музичко совети! – изјави Марија.

Иако имаше гласини дека Аца Лукас нема да биде член на жирито, наводно поради несогласувањата со Карлеуша, сепак продукцијата потврди дека составот на стручното жири нема да се менува.

Се е ново во оваа нова 12 та по ред сезона – сценографијата, начинот на оценување на кандидатите од страна на стручното жири.

Првата емисија ќе се емитува на 22 Септември.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------