Home ШОУ БИЗз Музика Контролорката Мијата на музички фестивал во Италија

Контролорката Мијата на музички фестивал во Италија

реклама:G Natural

Мијата на 10-ти септември ќе го отвори музичкиот фестивал на контролори на летање во Саленто, Бриндизи- Италија. За овој настап таа создаде свој бенд од врвни музичари, наречен Контрол фрикс. Иво Митковски на тапани, Петар Димитриовски (Mark Purpose) на клавијатури и Кире Мирчовски на гитара.

Контрол фрикс ќе бидат дел од фестивалот кој ќе се одржи за прв пат оваа година.

,, Јас сум контролор на летање вљубен во музиката и се воодушевив кога видов дека не сум сама на светот. Во два дена на овој open- air фестивал ќе настапат 13 бендови од разни земји. Секој бенд има најмалку еден контролор на летање со активна дозвола, а јас им благодарам на моите колеги од Македонија кои ме избраа за свој претставник. Голема чест ми е што нашиот Контрол фрикс ќе го отвори овој историски фестивал со надеж дека ќе прерасне во традиција и здравје можеби и Македонија ќе биде земја домаќин. Се надевам на убава контрола на летање на сцена,,- ни изјави Мијата.

Контрол фрикс ќе имаат настап од цели 40 минути во кој има многу песни кои ги поврзуваат контролорите, како Crazy, Wake me up, Move in the right direction, а секако Мијата нема да заборави ниту на своите Верувам во себе и Regret.
Освен нашите Контрол фрикс ќе настапат и контролори од Чешка, Германија, Техеран, Шпанија и други.

Мијата е веќе долго време на македонската музичка сцена и иако пред три години го издаде своето првенче најавува втор албум и други интересни перформанси со нејзин потпис во скоро време.

РЕКЛАМИ:Hotel Premier Bansko „ЛОТУЛС - МАКИТА ПРЕЗЕНТАЦИЈА“