Home INFO Мојата сопруга е колекционер на бебиња: Алек и Хиларија Болдвин го чекаат...

Мојата сопруга е колекционер на бебиња: Алек и Хиларија Болдвин го чекаат седмото дете (видео)

реклама:hotel PREMIER

По шест месеци од стрташната трагедија кога Алек Болдвин (64), на сет пукаше и ја усмрти својата колешка Халина Хачинс, конечно убави вести од семејството на холивудскиот актер.

Имено, неговата сопруга, Хиларија Болдвин (38) објави дека го чека седмото дете!

-„По многу подеми и падови во изминатите години, имаме возбудливи вести и големо изненадување!“,напиша Хиларија на Инстаграм.

„Бевме сигурни дека нашето семејство е комплетно и пресреќни сме поради големото изненадување. Со вас го споделувам и моментот кога им кажавме на децата и како што гледате тие се многу возбудени.“

„Нашето бебе е светла точка во нашите животи, благослов и подарок во неизвесни времиња“, ја завршила објавата Хиларија.

Алек и Хиларија имаат шест деца.

– Им велам на луѓето дека мојата сопруга е колекционерка. Некои собираат автомобили, некои часовници, некои уметнички дела. Мојата сопруга собира бебиња. Таа сака бебиња – изјави Болдвин во емисијата Елен Деџенерис.

Освен децата со Хилари, Алек Болдвин ја има и ќерката Ајрланд, која ја доби за време на бракот со колешката Ким Бесинџер.

РЕКЛАМИ: ----------------------------------------------------