Home INFO Монсерат Кабаје: Неверојатниот живот на кралицата на операта (ВИДЕО)

Монсерат Кабаје: Неверојатниот живот на кралицата на операта (ВИДЕО)

реклама:Велигден со Стаф

Според мислењето на многу критичари, Монсерат Кабаје била единствена- примадона која често знаела и сама да се пошегува за нејзината корпулентна става, наспроти нејзиниот ангелски глас.

Почина на 85 – годишна возраст во болница во Барселона. Нејзиното здравје се влоши од 2012 година кога имаше мозочен удар. За нејзината смрт соопштиле лекарите од болница во Барселона каде што била хоспитализирана пејачката.

Ќе остане запаметена како најдобар лирски сопран кој за половина век отпеал 90 различни улоги над 4000 настапи.

Шпанската оперска дива била позната по својата хуманост. Беше амбасадор на добра воља на Унеско а во родната Барселона веќе со години функционира нејзината Фондација за помош на напуштени деца.

И покрај многубројните настапи, Монсерат имаше и училиште за пеење.

Таа е порасната во сиромашно семејство, но благодарејќи на талентот студирала пеење и добивала највисоки оценки. Нејзиното професионално деби било во 1956 година во „Боеми“ на Пучини.

Пееше и со колегите Пласидо Домигно и Лучано Павароти. Сепак, во неколку наврати изјавува дека себе си не се доживува како оперска легенда.

Натапувала на најпрестижните оперски сцени а најголемиот хит во соло кариерата го испеа со Фреди Меркјури, пејачот на групата Квин.

Освен одличниот деловен однос Монсерат и Фреди беа големи пријатели.

По неговата смрт 1991 година, „Барселона“ се испеа и на Олимписките Игри и се најде на самиот врв на мучиките листи во Британија, Холандија и Нов Зеланд.

Инаку, пејачката во 2015 година избегна затворна казна поради даночна измама токму поради лошето здравје.

Имаше обврска да плати 254.000 евра.

Со тенорот Бернаби Марти имаше две деца. Се венчаа во 1964 година.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------