Романската поп пејачка Анка Поп во понеделникот била пронајдена мртва во својот автомобил кој мистериозно пловел во водите на Дунав, на југозападот на Романија.
Последната фотографија на поп ѕвездата, ја прикажува истата река во која е пронајден нејзиниот автомобил.
На фотографијата, Анка позира боса а под сликата кратко напишала “Дунав”.
Оваа морничава случајност на фотографијата предизвикала лавина коментари од нејзините фанови.