Home INFO Може ли да му се верува? Дарко Лазиќ признал од каде му...

Може ли да му се верува? Дарко Лазиќ признал од каде му е кокаинот

реклама:hotel PREMIER

Српскиот фолкер повторно стана актуелен во јавноста откако беше уапсен од страна на полицијата додека возел под дејство на дрога и алкохол со брзина над дозволената. Дарко Лазиќ управувал со возилото без возачка дозвола, која му била одземена уште во 2013 година.

Според српски Телеграф, Лазиќ три часа пред дежурен судија за прекршоци ја давал својата одбрана и објаснил што се случило.

Наводно, Дарко се правдал пред судијата дека вечерта кога се случил прекршокот тој бил во друштво на неколку луѓе а дел од нив воопшто не ги познавал.

Тврдел дека не земал свесно кокаин, туку веројатно некој му го подметнал во пијачката или пак по грешка земај туѓа чаша во која имало дрога.

Адвокатот на Лазиќ барал тој да добие парична казна наместо затворска.

Случајот на Лазиќ крена огромна фама во Србија, со оглед на тоа дека ова не му е првпат под дејство на алкохол да управува со моторно возило и без возачка дозвола.

Јавноста го осудува пејачот и очекува најстрога казна за делото.

РЕКЛАМИ: ----------------------------------------------------