Сеуште ја паметиме сцената од последното издание на престижните филсмки награди „Оскар“, каде Вил Смит му упадна на сцената и му удри шлаканица на водителот Крис Рок поради шегата за фризурата на неговата сопруга Џејда Пинкет-Смит.
НАВРЕДИ И ШЛАКАНИЦИ НА ОСКАРИТЕ
Комичарот Рок, на настап во Феникс, САД откри дека од него било побарано да биде домаќин и на следните „Оскари“, но дека тој тоа го одбил.
Наводно, Рок го споредил враќањето на „Оскарите“ со враќање на „местото на злосторството“
Рок исто така, откри дека му била понудена реклама за Супербоул-финалето, заснована на немилиот настан – и тоа го одбил.
Американската Академија за филмски науки и уметност, инаку организатор на „Оскарите“, засега нема коментар за тврдењата на Рок.
РЕКЛАМИ: ----------------------------------------------------