Ѕвездите на Гранд е најголемото мизичко талент шоу во регионот.
Низ годините, во ова шоу прошле многу натпреварувачи но исто така и голем број познати музички имиња во улога на стручно жири.
Највпечатлива од сите со сигурност беше Јелена Карлеуша, која го напушти шоуто пред две години а на нејзиното место на жири столчето седна нејзината најголема ривалка Цеца Ражњатовиќ.
Уште по првата емисија, реакциите на публиката беа поделени, но најмногу доминираа коментарите дека недостасува енергијата на Јелена.
Во меѓувреме, Марија Шерифовиќ на својот ЈуТјуб канал објави видео со најдобрите моменти од Јелена во шоуто, со што уште повеќе ги разгоре коментарите дека тешко е некој да ја замени улогата на Јелена.