Home КУЛТУРА Настани На 5-ти април во Скопје голема ретро забава: Да се остане вечно...

На 5-ти април во Скопје голема ретро забава: Да се остане вечно млад!

реклама:Велигден со Стаф

Ретро настанот насловен како “Forever Young” ќе се случи на 5 април во салата “Борис Трајковски” со почеток во 21.00 часот, а дека ќе биде спектакл тоа е вистина.

Станува збор за голем јубилеј: 50 години од диско живеење во Македонија и главниот град Скопје. Еве што за ова вели организаторот, секогаш младиот и полн со идеи, непресушниот менаџер Милорад Цајиќ-Цајо:

– Идејата за оваа ретро забава е токму тој големиот јубилеј за нас, односно од отворањето на првото диско во градот Скопје, а тоа е диското “Технометал” кое се отовори во далечната 1969година. Темата на големата ретро забава ја добив од преубавата песна “Forever Young” од групата “Алфавил” од 1983 година. Самиот наслов ме поттикна на се што човек го посакува, а тоа е додека во срцето се чуствуваме млади никогаш нема да старееме. Затоа таа вечер да ги заборавиме нашите години и да се препуштиме на човековото мото на живот, да се остане вечно млад!!!

Оваа ретро забава ќе се заснова на многуте хитови од тоа време,затоа и ја организирам со повод да се навратиме на најголемите хитови од 70-тите,80-тите и 90-тите години кои изобилуваа со многу хитови и оставија трајна вредност како евергрини во музиката. За музичкиот дел ќе се погрижат познатите:Зоран Петров-Антена 5, ДЏ Вера Јанковиќ, ДЏ Баџо, ДЏ Цена, ДЏ Ерик Фокс, ДЏ Струја, и исто така ќе има уште многу изненадувања од типот на гости на вечерта од музичкиот свет. Ние како организатори имаме особена чест да доделиме плакети на тие кои оставија трајни вредности во диско живот кај нас, во Македонија.

Плакетите за трајни вредности ќе ги добијат: г. Васја Ивановски, г. Михаил Бошковски Мице, г. Драган Б.Костиќ, г. Сашо Јордановски, г. Богдан Стојановски-Боби Латино и легендарниот Ванчо Иванов Главче, вели организаторот Цајо!

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------