Home INFO На почетокот од кариерата, Меган Маркл била секси хостеса – сопругата на...

На почетокот од кариерата, Меган Маркл била секси хостеса – сопругата на овој познат пејач и била колешка

реклама:G Natural

Пред да стапи во брак со принцот Хари, Меган Маркл беше актерка, позната по улогите во некои серии.

Таа се откажа од актерската кариера за да се посвети на бракот.

Малкумина знаат дека пред да почне да добива посериозни улоги, работела како сексипилна хостеса во шоуто “Deal or No Deal”

Освен неа, со помош на ова шоу се обидувала да се пробие и Криси Тајген, модел и сопруга на познатиот пејач Џон Леџенд.

“Денес сите ме испитуваат каква била Меган. Таа е прекрасна” – изјавила Криси и додала дека сите очекуваат сочни детали и негативни коментари за Меган, но таа ја памети само како тивка и мила девојка.

“Многу е мила, а ова ретко го кажувам за некого”

Ова не е единствената бивша колешка која има високо мислење за Меган.

Менди Мур, познатата актерка и пејачка открила дека во 2006 та година интензивно се дружела со Меган. Имено Менди глумела во филм кој го продуцирал тогашниот сопруг на Маркл, Тревор Енгелсон.

“Со оглед дека Тревор беше продуцент на филмот во кој глумев, во 2006 та ја запознав Меган и пројдов многу време со неа. Таа е една особено драга и великодушна жена”- изјавила Мур.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------