Home INFO Најпродаваниот музичар повторно зад решетки

Најпродаваниот музичар повторно зад решетки

реклама:Велигден со Стаф

Р.Кели е еден од најпродаваните музичари во светот.

Неговото однесување отсекогаш било проблематично, па пејачот неколкупати бил тужен и апсен за сексуални злодела.

На своја 52 годишна возраст, Кели повторно се најде зад решетки, потврди неговиот адвокат.

Против него е поднесена кривична пријава за дури 13 дела, а поголемиот дел од нив се од сексуална природа.

Ова е вторпат славниот музичар да заврши зад решетки поради сексуални злодела.

Се шпекулираше дека во 1994 година нелегално се оженил со сега починатата пејачка Алаја, која тогаш имала само 15 години.
Но, ниту тој, ниту таа никогаш не ги потврдиле овие наводи.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------