Home INFO На среќата и нема крај, Цеца Ражнатовиќ го пречека внукот во...

На среќата и нема крај, Цеца Ражнатовиќ го пречека внукот во својот дом и објави на Инстаграм

реклама:

Денеска малиот Жељко Ражнатовиќ пристигна во домот на Цеца во Дедиље и заедно со неговата мајка Богдана излегоа од болница.

Пејачката почувствува потреба да и се заблагодари на снаата за прекрасниот подарок, односно за нејзиниот внук, и на социјалните мрежи сподели нејзина фотографија под која напиша емотивна порака.

“Моја убавино, благодарам за најубавиот подарок што го добив од тебе, внукот Жељко. Весела, храбра моја девојка, многу те сакам”, напиша Цеца покрај фотографијата на Богдана.

Таа утринава прва ја извести јавноста дека внукот Жељко и снаата пристигнаа во домот.

Пејачката за цело време додека излегуваа од болницата не ја тргна насмевката од лицето, а таткото Вељко не дозволи никому да ја носи колевката. Имено она што многумина го приметија беше дека на колевката на малиот Жељко има знак тигар, кој беше симбол користен од Волонтерската гарда на неговиот покоен татко Жељко Ражнатовиќ Аркан, по кого и го доби името неговиот син.

За потсетување, Богдана се породи со царски рез а породувањето го изврпи д-р Миленко Пророшиќ, кој ја породи и нејзината свекрва, пејачката Цеца Ражнатовиќ.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------