Следната недела на Дарко Лазиќ му е закажана нова операција, а по наодите можно е во наредните месец дена да ја напушти болницата.
Оние кои во моментов можат да го видат се само неговата мајка и докторите.
Ова го изјавил неговиот брат Драган, кој во едно интервју додава, дека го видел својот брат само на кратко и дека никој неможе да го посетува заради вируси. Со неговата бивша сопруга Ана Севиќ не е во добри односи, а неговата вереница Марина Гагиќ иако доаѓала на посета секој ден сепак не можела да го посети и да влезе во неговата соба.
Исто така додава дека неговиот брат е свесен и сега за сега во стабилна состојба.