Home INFO Најубавата љубовна прикзана во регионот: Како се сакаа Милена и Драган

Најубавата љубовна прикзана во регионот: Како се сакаа Милена и Драган

реклама:G Natural

Целиот регион се воодушевуваше на парот со најсреќен брак од поранешна Југославија.

Луѓето ги обожаваа Милена Дравиќ и Драган Николиќ.

Кога се запознале, Милена веќе била познато актерско име, а Драган тогаш ја почнувал борбата за место во филмскиот свет.


Се сретнале на снимање на филмот „Хороскоп”. Прво се дружеле како пријатели, за потоа да се роди и љубов. По кратко време решиле да почнат да живеат заедно.

Се венчале во 1971 година, за време на снимањето на новогодишниот ТВ филм “Како се љубеа двајца будали” по текст на Душко Радовиќ.

На паузите помеѓу снимањата, побарале еден дополнителен час, заминале во општина и го склопиле граѓанскиот брак, без притоа да најават некому каде одат.
Необично, но во нивен стил.

Кога зборуваа пред јавноста, секогаш се согласуваа за едно нешто, а тоа е дека си даваат поддршка, но и меѓусебно си се најголемите критичари.

“За брак кој трае 40 години, секогаш можат да се најдат повеќе причини истиот да пропадне и да заврши, отколку да опстане. Но, најлесно е да прекинеш, најтешката работа е да се бориш и да се соочиш со се. Понекогаш и мала кавга може да ти го освежи денот. Понекогаш треба да бидеш љубоморен, бидејќи тоа е единствениот начин да покажеш љубов во тој момент” – изјави Драган во една прилика.

Големата љубов успеа да дочека и старост, а тоа е пример од кој треба да се учи.

Перот немаше деца.

“Да се биде родител е едно искуство и нешто што е потребно на секое живо суштество поради продолжување на видот. Сметам дека тоа што немаме деца е голем недостаток, не мана, но едноставно е така. Тоа ни даде можност сите деца да ги гледаме како свои. Ние ја имаме нашата мала внука Ива. Таа ни надомести за се она што го немавме и околу што не се врти нашиот свет“, рекол Николиќ.

Актерите повеќе не се меѓу нас, но нивната љубовна приказна уште многу години ќе се раскажува.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------