Home INFO Направи огромен Берлински ѕид од чоколадо, па го делеше на минувачите

Направи огромен Берлински ѕид од чоколадо, па го делеше на минувачите

реклама:Велигден со Стаф

Експертот за чоколадо Патрик Роже ја прослави 30-годишнината од падот на Берлинскиот ѕид со тоа што направи и постави чоколадна реплика.

Чоколадниот ѕид долг шест и висок три метри кој беше поставен во една улица во Париз, авторот го скрши со чекан и им ги подели парчињата чоколадо на минувачите.

Слаткарот употребил речиси еден тон чоколадо за своето дело. На ѕидот имало шари како оние на вистинскиот Берлински ѕид, со имињата на градовите и другите натписи.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------