Home INFO Нарачала Ајфон преку интернет, добила сапуни (видео)

Нарачала Ајфон преку интернет, добила сапуни (видео)

реклама:Велигден со Стаф

Отворете очи секогаш кога купувате преку онлајн.

Купувањето преку разни апликации и онлајн сервиси може да биде ризично, а пример за тоа е оваа млада мајка која наместо телефон, го добила ова.

Саманта Повел од Ален Парк во Мичиген пред неколку недели ги договорила деталите за купување преку апликацијата „LetGo“. Според нејзините зборови, комуницирале само преку апликацијата и во таа прилика договориле цена од 450 долари.

Саманта штедела шест месеци за на ќерката да може да и купи „Ајфон“ пред почетокот на школската година. Прифатила средба со продавачот, а на примопредавањето била со својот сопруг. Кога ги размениле парите и кутијата од телефон, продавачот, односно девојката која им го продала телефонот започнала да трча. Сопругот на Саманта веднаш ја отворил кутијата и во неа имало два сапуни.

Кога ја отвори кутијата двајцата се изненадивме. Само зјапавме во сапунот и се прашувавме дали навистина се случи тоа – изјавила таа и открила дека девојката која им го направила тоа се пофалила дури и на Фејсбук.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------