Home INFO Наследниците на Мајкл Џексон со тужба од 100 000 000 долари за...

Наследниците на Мајкл Џексон со тужба од 100 000 000 долари за ХБО

реклама:G Natural

Откако се емитуваше документарниот филм “Leaving Neverland”, наследниците Мајкл Џексон најавија тужба за HBO во износ од 100 милиони долари.

Филмот кој премиерно беше прикажан на филмскиот фестивал Sundance открива детали за наводното злоставување на малолетници од страна на пејачот.

Адвокатот на семејството Џексон тврди дека Мајкл е невин и дека од HBO не го испитале материјалот апоред кој го снимиле овој документарец.

Тој додава дека не ги провериле сите факти, туку само го финансирале и продуцирале филмот.

Во филмот фокусот е на сексуално насилство врз Вејд Робсон и Џими Сејфчак, кое наводно се случило во 80-те години кога имале 7 и 10 години. Тие тврдат дека Мајкал Џексон за секс им давал чоколада, а велат дека пејачот одглумил и венчавка со еден од нив.

И покрај тужбата, од HBO кажале дека сепак ќе продолжат со прикажување на овој документарец.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------