Home INFO Научниците разјаснуваат зошто лилјаците станале главни „резервоари“ на вирусите

Научниците разјаснуваат зошто лилјаците станале главни „резервоари“ на вирусите

реклама:DIGITVMK

Тим научници во Сингапур на молекуларно ниво проучувале како лилјаците ја развиваат отпорноста на многу опасните вируси, вклучително и SARS-CoV-2, на крајот станувајќи своевидни нивни главни распростанувачи, а резултатите од нивното истражување е објавено во стручното списание Proceedings of the National Academy of Sciences.

Многу од зоонотичните вируси, како што се вирусот на атипичната пневмонија SARS-CoV, коронавирусот на блискоисточниот респираторен систем MERS-CoV, вирусите ебола и марбург, генипавирусите, филовирусите и најновиот коронавирус SARS-CoV-3, се поврзани со лилјаците.

Истражувањата за ширењето на овие вируси и потрагата по оригиналните домаќини на овие секундарни патогени откриле дека во повеќето случаи лилјаците стануваат своевидни резервоари, средина каде што овие вируси еволуираат и на крајот добиваат форма опасна за човекот.

Според таканаречениот вирусен репертоар, односно разнивидноста на пренесените вируси, лилјаците се рекордери меѓу цицачите. Покрај тоа, самите животни имаат висока вирусна отпорност и исклучителна долговечноста за големината на нивното тело.

За откривање на тоа со што е поврзано со вродената или прилагодлива толерантност на лилјаците кон вирусите, научниците виролози предводени од Лин-Фа Ванг од Медицинскиот факултет при Националниот универзитет на Сингапур, одлучиле да ги проучат карактеристиките на имунолошкиот систем кај овие животни.

Авторите на студијата сугеритаат дека можеби оваа отпорноста се појавила во периодот на еволуцијата или, пак, таа е поврзана со непознати молекуларни интеракции меѓу клетките на домаќинот и патогените микроорганизми.

По проучувањето на клеточните карактеристики, истражувачите откриле дека лилјаците немаат имунолоши рецептори AIM-2, кои ја препознаваат внтреклеточната ДНК од патогено потекло и предизвикуваат каскада од настани коишто кулминираат со воспаленија и клеточна смрт. Поврзано со тоа, сигналната патек на воспалението е потисната во геномот на лилјаците, што им овозможува на вирусоте да останат недопрени долго време, користејќи го организмот на животното како вирусен резервоар.

Лабораториските експерименти во кои гените на човечкиот рецептор AIM-2 биле воведени во бубрезите на лилјак и во имуно-клетките, резултирале со делумно обновување на сигналот за воспаление во формирањето на агрегати кои го означуваат почетокот на воспалителната реакција.

Покрај тоа, кај еден од видовите на црните лилјаци Pteropus alectco, авторите на студијата откриле намалување на активностите на ензимот каспаза-1, клучниот играч во преносот на сигналите преку воспаление, коешто покренува созревање и ослободување на цитокинот IL-1β, што, пак, од своја страна помага во мобилизацијата на имонолошката одбрана.

Според истражувачите, намалувањето на активноста на каспаза-1 е поврзано со двојката аминокиселински замени во позициите 365 и 371 од ензимот на лилјакот во споредба со соодветните ензими кај глувците и човекот.

Потоа научниците го идентификувале механизмот кој ја балансира активноста на каспаза-1 и созревањето на IL-1β, ослабувајќи ја сигнализацијата на воспалението и ограничувајќи го имунолошкиот одговор кај три вида лилјаци: Pteropus alectco, пештерските нектарски лилјаци Eonycteris spelaea и Myotis davidii.

Според авторите, лилјаците користеле различни стратегии, намалувајќи го активирањето на каспаза-1, инхибирајќи го созревањето на IL-1β, или и едното и другото, за да се отапи имунолошката реакција против зоонозните вируси.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------