Home INFO Не е лесно да си јавна личност: Србија бесна на пејачот Даниел...

Не е лесно да си јавна личност: Србија бесна на пејачот Даниел Кајмакоски

реклама:Велигден со Стаф

Македонскиот пејач Даниел Кајмакоски, стана популарен во регионот по учеството и победата во музичкото шоу Икс Фактор.

Кајмакоски во моментов е дел од емисијата „Твоето лице звучи познато“, во продукција на „Емоушн“. Емисијата ужива огромна популарност во целиот регион, а Кајмаковски несвесно предизвика вистински скандал.

Имено нашиот пејач за време на снимањето на емисијата „Твоето лице звучи познато“ зад сцената додека се подготвувал на фоторепортерите им ги покажал ноктите, но веројатно несвесно рацете ги склопил на начин на кој алудира на албанскиот симбол.

Поради покажувањето албанскиот симбол – двоглав орел,Кајмакоски предизвика вистинска бура од реакции и навреди на социјалните мрежи, по што се огласи и продукцијата „Емоушн“ која вели дека не гледа ништо спорно во потегот на Кајмакоски.

-Нашето шоу е од забавен карактер и не дозволуваме пропагирање на било какви политички симболи и пораки. Да сметавме дека тука станува збор за таков симбол веднаш ќе реагиравме, како што тоа го правевме порано, велат од продукцијата.

Кајмакоски ја објасни целата ситуација на својот Фејсбук профил.

Овде погледнете ја спорната фотографија!

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------