Home INFO Не ги фрлајте: Еве како можете да ги искористите употребените ќесички чај

Не ги фрлајте: Еве како можете да ги искористите употребените ќесички чај

реклама:G Natural

Лековитоста на чаевите е позната, но делотворноста на искористените ќесички чај често се занемарува.

Освен што го намалуваат отокот околу очите, ги ублажуваат изгорениците и убод од инсект, искористените ќесички чај можат да бидат од голема помош во одржување на домаќинството.

Ова се само некои од идеите за тоа како можете да ги употребите.

Отстрануваат непријатни мириси од фрижидерот

Освен сода бикарбона, искористените ќесички од чај се одлични за отстранување на непријатните мириси од фрижидерот. Едноставно ставете ги во вратата од фрижидерот и оставете ги преку ноќ за да ги впијат мирисите.

Спечуваат ’рѓа

Влаќните ќесички од чај ги чуваат садовите од ’рѓа. После секоја употреба треба да ги премачкате со влажните кесички кои ќе создадат заштитен слој и ќе спречат корозија.

Го чистат огледалото

Чајот ги отстранува дамките од огледалата. Згответе чај со две ќесички, па искористете ги како средство за чистење.

Ги чисти дрвените површини

Еднакво како што се добри за стаклото, чајот помага и во чистење на дрвените подови и намештај. Треба да сварите чај од две искористени кесички и да оставите да се олади. После тоа, натопете крпа со чајот и избришете ја саканата површина. Чајот ќе ја разгради маснотијата и ќе делува благотворно на порите на дрвото.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------