Познатиот актер Бен Афлек повторно е актуелен во медиумите и тоа не заради нов филм туку заради неговиот љубовен живот.
Имено негов пријател за медиумите открил дека актерот бара девојка на интернет. Тој отворил профил на една веб страна за запознавање и очекувал да запознае некоја девојка која што е анонимна и не е позната на медиумите.
По неговиот развод со Џенифер Гарнер тој имал навистина лош период и завршил на лечење од алкохол, заради што го изгуби и договорот за снимање на продолжението на „Бетмен“.
Сега заради трите деца е во добри односи со бившата сопруга и полека го средува својот живот.