Home INFO Не го ограбивме Меси од голема почит кон него – изјавил водичот...

Не го ограбивме Меси од голема почит кон него – изјавил водичот на албанската банда

реклама:Лето во Банско

Постојано се случуваат ограбувања на куќи на познати фудбалери, а последната жртва на криминалците беше Серхио Рамос.

Во интервју за шпанскиот “Ел Еспањол”, водачот на албанска банда, позната само под името Алберто, раскажа за нивните активности.

Се тврди дека Алберто е главен човек во оваа група составена од повеќе од сто криминалци.
– Ние го ограбивме Карим Бензема, а се обидовме да го ограбиме и Кристијано Роналдо. Влеговме во неговата куќа во Мадеира, но пленот што го најдовме не беше задоволителен. Пред 11 години, влеговме и во куќата на Јохан Кројф, но тогаш не знаевме дека припаѓа на него. Сфативме чија беше кога фотографиина ѕидовите. Успеавме да украдеме скапоцености во вредност од околу 20 илјади евра – изјави Алберто.

Алберто откри дека Лионел Меси е единствениот фудбалер кој не бил мета на ограбување.
– Имаев можност и самиот да го ограбам Меси, бидејќи пред околу една година можев да влезам во куќата на неговите родители. Но не го сторив тоа од почит кон Меси – рече Алберто.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------