АУДИО ВЕСТ:КЛИКНИ НА ПЛЕЕРОТ И СЛУШАЈ!
Getting your Trinity Audio player ready...

Грацијела Инкампо (89) и Тереза Калиа (88) од Италија станаа вистинска сензација на Инстаграм со своите креативни кулинарски видеа.

Милиони прегледи и долги редици пред пекарницата Antico Forno Santa Caterina во Алтамури ги потврдуваат нивниот успех.

Во видеата, двете дами подготвуваат најразлични традиционални јадења, но секогаш со доза хумор – танцуваат на електронска музика, свират гитара и користат несекојдневни алатки за мешање на состојките.

Сето тоа се случува во дворот спроти нивната пекарницата, дел од програмата „Bread Experience“, каде посетителите можат да го доживеат традиционалното печење на Pane di Altamura и локални специјалитети.

Видеата започнале како шега, но брзо станале секојдневен ритуал за бабите, кои со својата живост и ентузијазам ја привлечоа глобалната публика.

Денес, тие се неслужбени амбасадорки на својот роден град, правејќи го Алтамури нова туристичка дестинација.

РЕКЛАМИ: