Home INFO Не сум паднал од Марс, попрво би инвестирал во вакцините! Бил Гејтс...

Не сум паднал од Марс, попрво би инвестирал во вакцините! Бил Гејтс удри по Безос и Маск

реклама:ХитКујна канал

Бил Гејтс коосновачот на „Мајкрософт“ во последната негова изјава за медиумите објаснил зошто никогаш нема да се вклучи во вселенската трка на Безос и Маск.

„Не, јас не сум паднал од Марс. Иако знам дека многу луѓе делуваат така“, се пошегувал Гејтс.

„Моето мислење е дека ракетите не се решение“, додал Гејтс во текот на настапот во подкастот „Свеј“ на Кар Свишер.

Гејтс кој што се појавил во подкастот за да ја промовира својата книга „Како да се избегне климатска катастрофа“, изјавил дека секогаш е заинтересиран своето богатство и имот да го користи за директно решавање на некои од најголемите предизвици за човештвото.

„Секогаш моите средства од мојата фондација ќе бидат првенствено наменети за да купи вакцини против на пример сипаници и да спаси живот за 1.000 долари. Сè што правам, секогаш помислувам: Можам да ги потрошам тие 1.000 долари купувајќи вакцини против сипаници, наместо да ги вложам во нешто друго“, додал тој.

РЕКЛАМИ:„НА ТЕПКА“ он-лајн квиз шоу
Loading...