Home INFO Неизвесно е дали ќе се појави на погребот: Јелена Карлеуша е во...

Неизвесно е дали ќе се појави на погребот: Јелена Карлеуша е во тешка состојба, докторите се во паника

Фото:Printscreen/Instagram/divnakarleusa
реклама:Велигден со Стаф

Популарната српска радио водителка, новинарка и мајка на пејачката Јелена Карлеуша, Дивна Карлеуша почина пред два дена по долга и тешка болест.

Тажната вест Јелена ја примила откако се вратила од настап во странство и од тогаш не може да си дојде на себе. Близок извор на семејството пејачката за пинк.рс открива во каква состојба е Карлеуша.

Таа била скршена во вистинска смисла. Не е способна да гледа, да јаде, да пие. Не се поместува од место и само сака оваа агонија што поскоро да заврши.

Прашање е дали ќе биде во состојба да се појави на погребот на својата мајка. Сето ова многу тешко го поднесува и секојдневно е на јаки лекови за смирување. Лекарите кои се грижат за неа се во паника, планираат утре пред погребот да прими јака доза на лекови за да може сето ова да го поднесе. Голема е болката и загубата со која се соочи – потврдил изворот за пинк.рс.

Дивна Карлеуша ќе биде погребана во среда на 6 ти март во Белград.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------