Home INFO НЕКА СИТЕ АНГЕЛИ БИДАТ СО ТЕБЕ: Пријатели на Дарко Лазиќ напишаа порака...

НЕКА СИТЕ АНГЕЛИ БИДАТ СО ТЕБЕ: Пријатели на Дарко Лазиќ напишаа порака за пејачот од која ќе ви поминат морници по телото

реклама:Велигден со Стаф

Дарко Лазиќ кој во вторникот утрината доживеа сообраќана несреќа сеуште е во вештачка кома.

За него се моли целото родно село, родителите завчера прв пат го посетиа, а денеска по конзилиумот на докторите ќе се знае што конкретно ќе се превземе кога е во прашање неговото закрепнување.

Помеѓу сите оние кои кажаа и напишаа нешто со поддршка и закрепнување, еден од неговите блиски пријатели објавил на Инстаграм стори, кое допре до многумина.

„Човекот понекогаш знае да сака некого затоа што тој некој е таков каков што е, но не е свесен колку го сака, па кога ќе се случат за жал такви тешки моменти тогаш сфаќа колку вистински го сакал, почитувал, ценел, е тоа е нешто многу јако искрено и неможе да се објасни туку така. Длабоко верувам во сето тоа бидејки го почувствував на своја кожа. Другар, нека бидат сите ангели со тебе, сите ние веруваме во твојата победа, оние кои искрено и вистински те сакаме, без предрасуди и со твоите пороци, го сакаме баш таков Дарко каков што си, бидејки баш тоа те разликува од другите и ништо во иднина не менувај, само од сега намали ја веќе гаста и се ќе биде како и некогаш. Те сакаат оние кои што се искрени кон себе и пред тебе и кои се сведоци пред Бога. Се што посакувам за себе го посакувам и за тебе. Животот е чудо, а чудата се секаде. Роден си како победник, како победник излези од се ова, во тоа искрено и длабоко верувам. Се молиме за твоето закрепнување, те сакаме драг другар мој“ – Бача напишал во неговата објава.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------