Home INFO Нема повеќе цигари во Беверли Хилс

Нема повеќе цигари во Беверли Хилс

реклама:Велигден со Стаф

Официјално, Беверли Хилс е првиот град во САД кој ја забранил продажбата на тутунски производи.

Според тамошните медиуми, советот изгласал дозвола Беверли Хилс да стане првото место во САД кое ќе ја забрани продажбата на тутунски производи.

До 2021, цигарите, електронските цигари и другите тутунски производи нема да бидат достапни на бензиските и продавниците.

„Со дозволувањето на продажбата на тутунските производи во градот го овозможуваме пристапот до овие штетни и опасни производи и не успеваме да го прикажеме градот како здрава средина“, се вели во соооштението.

Сепак сопствениците на бизниси со тутунски производи сметаат дека оваа според нив контроверзна одлука ќе влијае на продажбата и отказните решенија за вработените.
Со оваа забрана локалните граѓани ќе бидат принудени да купуваат тутунски производи од соседните градови. Исто така, тие ќе започнат даставаат и нафта, храна и основни намирници од таму.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------