Home INFO Нема веќе споделување на лозинките за Нетфликс

Нема веќе споделување на лозинките за Нетфликс

реклама:hotel PREMIER

Нетфликс е најпозната платформа за филмови и серии, доста популарна и кај нас.

Оваа компанија за стриминг предупреди дека има глобално „кршење“ на практиката за споделување профили.

Овојпат изгледа како сериозно предупредување, а ќе значи крај на широко распространетата и долгогодишна практика на „позајмување“ профили на членовите на семејството или пријателите, како што многумина досега правеа.

Во следниот период Нетфликс ќе се обидат да се справат со споделувањето корисничките сметки во обид да дојдат до нови корисници.

Се проценува дека повеќе од 100 милиони домаќинства ги кршат правилата на Нетфликс со споделување на лозинките, па компанијата продолжува да бара начини како да ги искористи и овие корисници.

Во последните три месеци, компанијата изгубила дури 200 000 претплатници, пренесе „BBC“.

Овој пад веројатно се должи на тоа што Нетфликс одлучи да ги подигне цените во најголемите пазари меѓу кои САД и Велика Британија, а поради војната во Украина, престана да ги нуди своите услуги во Русија.

Последен пат кога оваа платформа забележала загуба на претплатници во еден квартал било во октомври 2011 година. Сепак, бројот на претплатници на Нетфликс во моментов е сѐ уште голем и изнесува над 220 милиони на глобално ниво.

РЕКЛАМИ: ----------------------------------------------------