Во мај, сопругата на Вељко Ражњатовиќ на свет треба да донесе машко дете, а Анастасија со нетрпение очекува да стане тетка.
“Едвај чекам да се роди бебето и знам дека ќе бидам најдобрата тетка” – открила таа во интервју за емисијата Премиера.
Таа додала дека за неа и нејзиниот брат, нивната тетка Лидија била како втора мајка.
“Немавме татко но ја имавме неа” – изјавила Анастасија.
По смртта на Жељко Ражњатовиќ Аркан, Лидија била таа која безрезервно и помогнала на Цеца во одлгедувањето на децата. Вељко во многу наврати зборувал дека Лидија е најважната жена во неговиот живот, а доказ за тоа е и тетоважата со нејзиното име.