Home INFO Непристојна понуда: Северина му нуди милион долари на Милан за нејзиниот син

Непристојна понуда: Северина му нуди милион долари на Милан за нејзиниот син

реклама:

Хрватската пејачка Северина и понатаму е очајна што нејзиниот син Александар живее со својот татко Милан.

Наводно пејачката била до толку одлучна да си го врати синот, што дури му понудила на Милан да му ги исплати сите пари кои тој ги потрошил на неа додека биле во врска. Според српските медиуми, станува збор на неверојатна сума од еден милион евра.

Северина го убедила својот адвокат по меил да му испрати понуда да му ги врати овие пари на рати доколку се согласи Александар да живее со неа, открива за српски Информер добро упатен извор.

Во периодот од 2011 до 2013 година кога бил со Северина, Милан Поповиќ на нејзината сметка месечно префрлувал и по 50 000 евра. Од неговиот џеб наводно биле исплаќани сите сметки на пејачката, лизинг за автомобилот, а меѓудругото Милан искеширал и околу 300 000 евра за нејзини стри долгови. Тој ја финансирал и музичката кариера на Северина, открива изворот на Информер.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------