Откако хрватската пејачка Нина Бадриќ јавно на суцијалните медиуми упати апел до властите да најдат решение за пејачите и музичарите и да ги пуштат да работат бидејки веќе се на раб на егзистенција.
Меѓу коментарите кои што пристигнаа на оваа реакција од пејачката беше и понудата доколку и е потрбна работа и пари дека може да и понудат да копа компири и за тоа добро да биде платена.
„Еве за два дена ќе ги вадиме компирите, триесет хектари, во околината на Бјеловар и потребни ни се работници. Плаќаме 300 куни (околу 40 евра) на ден. Ве молам од редакцијата да и јавите на дотичната ако сака да работи. Може да ја поведе и Маја (Маја Шупут), Северина, модниот мачор (Марко Грубниќ) и сите што земаа помош од 4.000 куни (околу 500 евра). Само порачајте и да не доаѓа во дизајнерскиот фустан од 14.000 куни (околу 1.800 евра), со кој се фалеше пред неколку месеци зашто врнеше многу дожд деновиве и прилично е калливо“, и порача жената.
По ова пејачката сеуште е без реакција.