Откако застана на нозе по сообраќајната несреќа, српскиот пејач Дарко Лазиќ повторно влезе во студио и најави големо враќање на музичката сцена.
Лазиќ подготвува нов албум а на својот Инстаграм профил објави видео со една од песните која веројатно ќе се најде на него.
Фановите на пејачот воодушевено коментираа а многумина го споредуваа со неодамна починатиот Шабан Шаулиќ.
Уште додека се натпреваруваше во познатото музичко шоу Ѕвездите на Гранд, Лазиќ се прослави со изведбите на песни од Шабан и уште тогаш се коментирало дека оа момче еден ден ќе може да го замени Кралот на музиката Шабан.
РЕКЛАМИ: ----------------------------------------------------