Home INFO Нова естрадна војна: Еве со која колешка се скара Јелена Карлеуша

Нова естрадна војна: Еве со која колешка се скара Јелена Карлеуша

реклама:Велигден со Стаф

Јелена Карлеуша веќе неколку години е дел од жирито на познатото музичко шоу Ѕвездите на Гранд.

Секоја година во ова натпреварувачко шоу се воведуваат одредени новитети, а во оваа сезона, освен познатото жири, гостува и по една музичка ѕвезда која ги коментира учесниците и има улога на дополнителен потенцијален ментор.

Во премиерата која ќе се емитува во сабота, гостин во студиото е пејачката Неда Украден.

Но за време на снимањето, Украден и Карлеуша започнале кавга која завршила со навреди.

Се започнало кога Јелена во нејзин стил, упатила навреди кон една учесничка во натпреварувањето.

“Зошто никој не ти кажал дека не е потребно да се однесуваш како бедна и уморна тетка? Беше досадна”, и порачала на кандидатката а на ова Неда Украден се вмешала:

“Ова е толку погрешно! Како прво, доколку има малку совест и одговорност, ќе има и трема. Единствено будалетинките немаат трема, како и оние кои зеваат на плејбек!” – и возврати Неда на Карлеуша.

“Тремата не е оправдување”, останала на својот став Јелена на што нејзината постара колешка грубо ја прекинала

“Стоп! Застани”

“Мене ни мајка ми не ми викала стоп!” Продолжила Јелена па Саша Поповиќ морал да интервенира и да ја прекинe расправата.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------