Пејачот и актер Џон Леџенд е прв Афроамериканец кој за својата работа ги обединил наградите Еми, Греми, Оскар и Тони.
Во меѓувреме, Леџенд е прогласен за најсексапилниот човек на планетава.
Ваквата одлука ја донесе списанието „People„ кое секоја година прави рангирања од овој тип.
Леџенд е оженет со манекенката Криси Тајген, со која има две деца.
– Возбуден сум, но во исто време и малку исплашен бидејќи притисокот е голем. Сега секој ќе ме загледува за да види дали сум доволно секси да ја носам оваа титула – рекол Леџенд за “People”.
РЕКЛАМИ: ----------------------------------------------------