Home INFO НОВА ОПЦИЈА: 3Д слики за поубав Facebook

НОВА ОПЦИЈА: 3Д слики за поубав Facebook

реклама:Велигден со Стаф

Најголемата друштвена мрежа додаде нова функционалност која на корисниците ќе им овозможи да си додадат 3д слики. Станува збор единствено за „козметичка“ промена, а и сликите кои ги додаваат која го прави изгледот на Facebook поинтересен.

Не станува збор за вистински 3Д-слики туку за ефект кој се остварува благодарение на камерите на iPhone. Со ова се креира еден вид на слика со длабочина, што овозможува и минимална анимација.

Засега функционалноста е единствено достапна на iPhone. Функционалноста го користи начинот на кој овие телефони фотографираат и креираат неколку слоеви на фотографиите. Ова е овозможено бидејќи се слика со двете камери, а растојанието помеѓу камерите го овозможува овој ефект.

Идејата е да се олесни креирањето на содржина за виртуелна реалност и со тоа да се направи друштвената мрежа поинтересна. За жал уредите за виртуелна реалност не се доволно раширени, па овој псевдо 3Д ефект ќе овозможи малку посвеж изглед на Facebook, вели TechCrunch.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------